Horse Riding

Јавањето коњ е предизвик, возбудлива авантура и искуство за паметење!

Дружењето со овие племенити животни, грациозни и убави, а истовремено силни и горди е вистинско уживање.
Придружете се кон коњичкиот клуб "Св.Спас" јавајќи ма коњ открите ги убавините на Вевчанскиот крај, прекрасната живописна природа на планината Јабланица.

Коњичкиот клуб Св.Спас организира авантуристички тури јавање коњи на релации:
1. Излетичко место Јанков Камен кој се наоѓа на 1200 метри надморска височина

2. Манастирот Св.Спас кој се наоѓа на 1330 метри надморска височина

3. Вевчанско Бачило кое се наоѓа на 1900 метри надморска височина, и уживајте во глетката, чистиот воздух, свежата Вевчанска вода и чудесните бои на Јабланица.

Понудата важи за луѓе кои се со или без искуство во јавањето.

Обука за јавање пред отпочнување на турата, целосна опрема (коњ, седло, кабаница) и водич за турата.
Времетраењето на турата е во зависност од која релација ќе ја изберете (3 - 6 часа)



Location